neno


    TEST ZA 8 ODD PO HEMIJA I FIZIKA

    Share

    Admin
    Admin

    Posts : 12
    Join date : 2009-06-09

    TEST ZA 8 ODD PO HEMIJA I FIZIKA

    Post  Admin on Tue Jun 09, 2009 2:45 pm

    1. Величината количество супстанца се означува со
    А. n.
    Б. m.
    В. M.
    Г. Mr.


    2. Анјонот ечестичка која е
    А. негативна.
    Б. неутрална.
    В. инертна.
    Г. позитивна.


    3. Валентни електрони се наоѓаат
    А. во најоддалечениот слој од јадрото на атомот.
    Б. секогаш во K-слојот од електронската обвивка.
    В. во најблискиот слој до јадрото на атомот.
    Г. било каде во електронската обвивка.


    4. Релативната молекулска маса на фосфорна киселина е 98, а моларната маса е
    А. 98 g/mol.
    Б. 98.
    В. 98 g.
    Г. 0.98 g/mol.


    5. За дефинирање на атомската единица за маса, како стандард е земена 1/12 од масата
    на:
    А. јаглерод.
    Б. водород.
    В. кислород.
    Г. азот.


    6. Елементите што припаѓаат на иста периода имаа еднаков број
    А. електронски слоеви.
    Б. валентни електрони.
    В. позитивни јони.
    Г. негативни јони.


    7. Масен број е збир од
    А. протони и неутрони.
    Б. протони и електрони.
    В. протони, неутрони и електрони.
    Г. неутрони и електрони.


    8. Тројна врска има во молекулата на
    А. азот.
    Б. кислород.
    В. хлор.
    Г. водород.


    9. Дадено е: Ar(S) = 32; Ar(O) = 16.
    Колку грами сулфур ќе се оксидираат, за да се добијат 7g сулфур диоксид?
    А.3.5 g
    Б. 30.5 g
    В. 35 g
    Г. 350 g


    10 Ar(Ca) = 40; Ar(C) = 12. Ar(O) = 16
    Моларната маса на калциум карбонат е
    А. 100 g/mol
    Б. 100
    В. 100 g
    Г. 100 mol/g


    11. Количествените (молски) односи на елементите во соединението K2SO4 се
    А. n(K) : n(S) : n(O) = 2 :1 : 4
    Б. n(K) : n(S) : n(O) = 4 :1 : 2
    В. n(K) : n(S) : n(O) = 1 : 2 :
    Г. n(K) : n(S) : n(O) = 2 : 4 : 1


    12. Оксидационо средство во реакцијата претставена со равенката
    H2S + I2 → HI + S е супстанцата:
    А. јод.
    Б. сулфуроводород.
    В. водород.
    Г. сулфур.











    FIZIKA


    1.Атомот е изграден од
    А протони,неутрони и електрони
    Б протони,неутрони и јони
    В електрони, неутрони и јони
    Г неутрони, протони и јадро

    2.Андре Ампер бил познат француски
    А физичар
    Б астроном
    В хемичар
    Г математичар

    3.Струјата ја спроведуваат
    А човечкото тело и земјата
    Б дестилирана вода и гасовите
    В пластиката и порцеланот
    Г стаклото и гумата

    4.Проводници се
    А супстанциите кои го пренесуваат електичеството
    Б супстанциите кои не го пренесуваат електричеството
    В супстанциите кои само при одредени услови го пренесуваат електичеството
    Г сите супстанции


    5.Во електричниот струен круг амперметарот се врзува
    А секогаш сериски
    Б секогаш паралелно
    В понекогаш сериски понекогаш паралелно зависно од напонот на струјата
    Г како и да било зависно од јачината на струјата


    6.Колкав е напонот на три еднакви,сериски врзани извори,со напон од по 2V?
    А 6V
    Б 2V
    В 12V
    Г 24V


    7.За да произведеме повисок напон на струјата со 4 батерии ќе ги поврземе
    А сериски
    Б паралелно
    В мешано
    Г сеедно како


    8.Со зголемување на должината на еден проводник,електричниот отпор на
    проводникот
    А се зголемува
    Б се намалува
    В не се менува
    Г се зголемува за 2 пати


    9.Три еднакви сијалици сврзани се во електричен круг
    паралелно.Амперметарот А покажува јачина на стујата 0.9 А. На секоја гранка
    до секоја сијалица се врзани амперметрите А1, А2, А3, соодветно. Колкави
    јачини покажуваат амперметрите А1,А2,А3?
    А 0.3А
    Б 0.6А
    В 0.9А
    Г 2,7А


    10.Заедничкиот отпор кај паралелно врзаните отпори е
    А помал од најмалиот поединечен отпор врзан во кругот
    Б поголем од најголемиот поединечен отпор врзан во кругот
    В еднаков со најмалиот отпор врзан во кругот
    Г еднаков со најголемиот отпор врзан во кругот

      Current date/time is Thu Dec 08, 2016 8:04 pm